Ситуацијата со коронавирусот во државата ја извади на виделина хуманоста на повеќе поединци и фирми. Со донации на домашните компаниии на наменската сметка на Министерството за здравство се собрани 800 илјади евра.
Листата на компании е долга, а и од ден во ден се зголемува. Компанијата АДИНГ направи донација во материјали и изведба, за поставување на хидроизолациона заштита на објектот „Мобилна воена болница „РОЛ-2“. Вредноста на донацијата по целосно завршената работа и предавање на објектот, изнесува 15.358 евра.
Компанија која исто така излезе пресрет е Алкалоид. Компанијата донира 200 илјади евра за Министерството за здравство, а дополнително ги намали цените на 158 свои производи. Комерцијална банка има обезбедено парична помош во износ од 100 илјади евра, и уште дополнителна заштитна опрема во вредност од 20 илјади евра. Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, издвоиле 100 илјади евра во опрема за здравство. Истото го стори и ОКТА со донација од 50 илјади евра, како и Битолска млекара со донација финансиски средства за сервис и репарација на апаратите за респираторна нега, коишто се потребни за Инфективната клиника во Скопје.
Помош за Министерството за здравство пристигна и од голем број странски држави, претставништва, амбасади и организации.За сите нив и за секоја донација Министерството за здравство упати јавна благодарност за укажаната помош. Дел од компаниите, како Халкбанк, Битолска млекара и Комерцијална, како помош за Владата и економскиот сектор за справување со последиците од епидемијата, предвреме го платија данокот на добивка.
Во рамки на хуманитарната акција во борба против коронавирусот, компанијата Mozzart донираше парична помош во вредност од 307 илјади денари, односно 5.000 евра, наменети за Клиничката болница во Битола.
Лидерот во областа на приредување на игри на среќа – Моzzart Bet, подготви вкупна донација за болниците во износ од 50 илјади евра.
Како знак на поддршка на здравствениот систем и здравствените работници и нивниот придонес во борбата против вирусот COVID-19 , компанијата Tinex направи донација во вредност од 100 илјади денари, за потребите на Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
Пекабеско изврши аконтативна уплата на целокупниот пресметан данок на добивка за 2020 година во висина од 8.833.000 денари и со тоа се приклучи на иницијативата на Владата и Министерството за финансии која има за цел давање конкретен придонес во националната борба против коронавирусот.
Фирмата ИГМ даде донација од 250 илјади евра за потребите на Министерството за здравство наменети за сите здравствени институции во државата кои ја водат најтешката борба во услови на глобална здравствена криза. Исто така однапред е извршена аконтативна уплата на данок на добивка во износ од 453.876 евра, подршка за државниот буџет и зголемување на неговата ликвидност. Извршена е и аконтативна уплата на данок на имот во износ од 130 илјади евра за Општина Кавадарци, подршка за општинскиот буџет и зглемување на неговата ликвидност.
Семејството Заеви донираа хуманитарни пакети со основни прехранбени производи за помош на граѓаните од социјално ранливите категории во општина Струмица , но и во останатите градови. Вакви пакети ќе се делат до завршувањето на кризата. Семејството Заево донирале и шест илјади чаршафи за болнички кревети, од кои пет илјади се предадени директно на Министерствот за здравство, а илјада се за болниците во Струмица, Штип и Прилеп. Исто така, се набавени и скафандери, визири и маски за здравствените работници и тоа во значителни количини.
Компанијата „Орка Холдинг“и Клиничката Болница „Аџибадем Систина“ ставија на располагање бројни медицински и сместувачки капацитети, кадар и медицинска опрема. Клиничката Болница „Аџибадем Систина„ и „Орка Холдинг„ целосно ги отстапија капацитетите на хотелите Ibis Skopje City Center и Ibis Styles за лица кои треба да поминат 14 дена во изолација. „Орка Холдинг“ и „Аџибадем Систина“, одвоија фонд од 325 илјади евра од кои 315.000 евра за подмирување на трошоците за престој на овие лица како и за заштитни средства, дезинфекција, заштитна опрема, фиксни трошоци, медицинска поддршка од „Аџибадем Систина“ и плати на ангажираните лица кои целиот период ќе работат во карантинските центри,70 дена. Договорот е склучен помеѓу Владата на РСМ и фирмите „ОК Хотел“ и Орка Хотел“.
Од овие средства, 10 илјади евра беа издвоени за заштитна опрема, односно, заштитни маски, одела и ракавици за СВР Скопје и Здравствените установи во Дебар.
Помош пристига и од повеќето хотелски капацитети кои ги понудија своите објекти за сместување во државен карантин.
На листата на донации сигурно има уште стотици компании кои несебично донираат средства и опрема за здравствени капацитети за што целокупната јавност им се заблагодарува.
Сметката на Владата за донации за помош и поддршка за справување со економско-здравствената криза предизвикана од коронавирусот КОВИД–19 е отворена и натаму. Уплатата на средствата (во денари) за донација се врши на образец ПП 50, и се пополнува на следниов начин: Назив на примач: Трезорска сметка, Влада на Република Македонија, банка на примач: НБРСМ, трансакциска сметка: 100 000000063095, сметка на корисник: 0400100078785С9, приходнa шифра: 744111 (за правни лица), приходнa шифра: 744211 (за физички лица), програма: Р1, цел на дознака: Финансиска помош – КОВИД – 19, се наведува во владиното соопштение. Владата дополни дека донаторите што ќе одлучат да донираат финансиски средства се стекнуваат со право на даночно олеснување за кое е потребно да достават извештај за дадена донација/спонзорство (образец „УЈП-ИДС/ДВ“), во Управата за јавни приходи.