Huizhen High School проект на Approach Design Studio/Zhejiang University of Technology Engineering Design Group во Кина е прогласена за светска зграда на годината на Светскиот фестивал за архитектура (WAF) 2023 година.
На 1. декември, беа објавени врвните признанија за Светска зграда на годината, Светски ентериер, Иден проект на годината и Пејзаж на годината, додека стотици делегати од целиот свет се собраа на големата финална Гала вечера во Marina Bay Sands во Сингапур.
На завршниот настан беа објавени и мноштво специјални награди, вклучително и меѓународната награда за убавина на зградите, наградата за најдобра употреба на боја и мал проект на годината, за да се прослави шеснаесеттото издание на фестивалот.
Објавувањето следи по последниот ден на WAF, во кој добитниците на наградите од сите 44 категории се натпреваруваа за победничките титули.
Светската Архитектонска заедница е официјален медиумски партнер на овогодинешниот WAF.
Наградениот проект првично беше во потесниот избор во категоријата образовни објекти.
Училиштето во округот Jiangbei, градот Ningbo е смело истражување на проектот на кампусот „најпрво за ефикасност“ каде што времето може сериозно да се „троши“.
Кампусот е „висечка шума“ со училници закачени во секој агол од шумата и споени со меандрирани патеки. Расфрланите куќички на дрво им овозможуваат на учениците привремено бегство од товарот на училиштето.
Рампа води до благо наведнат кров, кој служи како сала за предавања на отворено и парк на кровот со спортски содржини, кои можат да се користат за време на викендот – создавајќи нова типологија на архитектонска променада.
„Секогаш се трудиме да ги истражиме границите на архитектурата додека правиме нешто што е забавно“, вели Ди Ма, директор на Approach Design Studio/Zhejiang University of Technology Engineering Design Group.
„Нашиот фокус не беше само на проектирање училиште или работа со нови форми, простори, материјали и фасади, туку проектирање на нов училишен живот и внесување на моќта на природата во зградата. Зградата на учениците им дава простор да се релаксираат и да се ослободат од стресот помеѓу часовите“, додаде Ма.
„Ја обожуваме оваа зграда бидејќи е неочекувана и прекрасна. Архитектите успеаа да создадат училиште кое се разликува од вообичаениот модел каде што учениците се затворени и се изложени на настава и архитектонски притисок“, вели Пол Финч, програмски директор на Светскиот фестивал на архитектура и додава: „Спротивно на тоа, овој проект поттикнува пешачење, свеж воздух и можност за размислување подалеку од академскиот притисок“.
„Како што забележуваат архитектите, најрелаксиран сте кога губите време, но не губите; наместо тоа уживате во шетање до училниците низ ‘висечка шума’ со придружни згради и содржини, сите со поглед на природата“, продолжува Финч: „Употребени се едноставни материјали за комбинација на иновативното и секојдневното. Во овој проект има елементи што може да се користат за училишта каде било“.
Победникот е одбран од жири составено од великани на архитектонската индустрија – Sir Peter Cook, Cook Belacevic Haffner; Guallart, Guallart Architects; Richard Hassell, WOHA i Albert Williamson-Taylor, AKT II.
Следната година, Светскиот фестивал на архитектурата WAF и INSIDE World Festival of Interiors повторно ќе се одржат во Marina Bay Sands, Сингапур, од 6. до 8. ноември 2024. година.
WAF е местото каде што светската архитектонска заедница се собира за да слави, учи, разменува искуства и да се инспирира. WAF е најголемиот светски годишен, меѓународен, архитектонски настан во живо. Ја вклучува најголемата програма за меѓународни архитектонски награди во светот, посветена на славењето на извонредноста преку презентации во живо пред публика од високи делегати и меѓународни жирија.