Од компанијата Huawei соопштуваат дека нивниот часовник, Huawei Watch GT 3 Pro прогласен за најдобар паметен часовник во индустријата, по изборот на EISA (Experts Imaging and Sound Association). EISA е составена од над 60 најугледни новинари, веб страници и специјализирани часописи за потрошувачка електроника. Huawei ја добива наградата во оваа категорија веќе трета година по ред.
Членовите на EISA, го опишале часовникот Watch GT 3 Pro како најугладен и најкомплетен паметен часовник досега, фалејќи го неговиот класичен луксузен дизајн со премиум материјали како титаниум, керамика и сафирно стакло. Освен со дизајнот, часовникот воодушевил и со својот напреден оперативен систем, мноштвото опции за следење на здравствената состојба, како и со долготрајноста на батеријата.