Насловна / Вести / Huawei со нов логистички центар за средна и југоисточна Европа, лоциран во Словенија

Huawei со нов логистички центар за средна и југоисточна Европа, лоциран во Словенија

Кинескиот технолошки гигант  Huawei, објави дека планира во Словенија да го воспостави своето централно регионално чвориште за средна и југоисточна Европа, преку изградба на централно складиште во близина на аеродромот Брник кај Љубљана,  со што ќе се зголеми и важноста на пристаништето Копер како дестинација за снабдување на 19 пазари во Европа. Во моментот, Huawei преку коперското пристаниште годишно доставува речиси 200.000 кубни метри товар од Кина, кон складиштата во Унгарија, но и за други клиенти ширум Европа. Се смета дека со изградбата на новото големо складиште кај Брник, ќе се скратат роковите за испорака за европксите купувачи.

brnik1

brnik3

 

Испрати коментар

Scroll To Top