На 6-ти август, Huawei ќе го претстави својот преклопен смартфон, а тоа е Nova Flip, чија спецификација веќе се појави на интернет. Huawei објави и teaser со кој го најави доаѓањето на овој модел, кој има 6,94 инчен OLED внатрешен екран со фрекфенција од 120 Hz, а тука е и стандардниот 2,14 инчен надворешен OLED екран со фрекфенција на совежување од 60 Hz. Уредот има две камери – главна од 50 MP 1/1.56 инчна RYYB камера и ултраширока 8 MP, додека секундарната 32 MP камера е сместена напред и служи за селфи фотографии.
Батеријата има капацитет од 4.400 mAh, а моделот ќе има дебелина од 15,08 mm во склопена форма. Официјалното претставување ќе биде направено во Кина, а ќе биде достапен во четири бои: црна, зелена, розова и бела.