Huawei, еден од најголемите светски производители на телекомуникациска опрема, планира до 2020 година да оствари приходи до 150 милијарди долари, што е повеќе од бруто домашниот производ(БДП) на Шпанија или Јужна Кореја, соопшти извршниот директор на компанијата Рен Зенгфеј.
Компанијата, како што рече Рен на национална конференција на научни и технолошки иновации, во првото тромесечје го претекна Apple според продажбата на паметни телефони во Кина и сега е трета по ред меѓу светските производители на паметни телефони.
Рен наведе дека Huawei веќе има направено голем напредок во развојот на технологијата и ја истакна важноста на иновациите во децениите што следат.
Според неговите зборови, Huawei сега ќе се соочи со предизвиците и одржувањето на иновативноста.
Компанијата во моментот има повеќе од 80 илјади истражувачи и веќе долго троши повеќе од десет отсто од заработката на истражување и развој.
Рен прецизираше дека минатата година нивниот буџет за истражување изнесувал 9,2 милијарди долари, а планираат да го зголемат на околу 10 милијарди.