Својата прва фабрика на тлото на Европа, Huawei ќе ја гради во Франција, најавил претседателот на компанијата Huawei Technologies. Според неговите зборови, најголемиот светски производител на телекомуникациска опрема, ќе инвестира 200 милиони евра во првата фаза на погонот за производство на базни станици за мобилна телефонија. Тој додал дека фабриката ќе го снабдува целиот европски пазар.
Засега не е познато дали оваа одлука на Huawei добила “благослов“ од францускиот претседател Макрон, кој сака странски инвеститори во земјата, но исто така отворено предупредува на кинеското продирање во економијата на Европската унија.