
И покрај американските санкции, подемот на Huawei не запира, што може да се види и по последната презентација на телефонот со троен преклоп, а во Барселона е претставен и Huawei Watch D2, прв немедицински паметен часовник кој постојано го мери крвниот притисок на корисникот, додека другите верзии на часовниците се насочени кон подобро следење на спортските активности и следење на другите параметри поврзани со здравјето. Часовниците кои се претставени доаѓаат во Standard и Pro верзии, при што Pro верзијата има поквалитетна обработка од титаниум и керамика. Батеријата кај GT серијата трае и до 14 дена.