Huawei го претстави новиот часовник со мноштво технолошки предности наменети првенствено за корисниците кои активно или рекреативно трчаат. Како што е истакнато при претставувањето, Watch GT Runner го комбинира најдоброто од GT серијата, но со додатоци кои се посебно осмислени за тркачите. Така, Watch GT Runner ја содржи новата Huawei TruSeen 5.0+ технологија за следење на отчукувањата на срцето, која овозможува точен динамички пулс и следење на нивото на кислород во крвта, а содржи и скриена антена со двопојасен GNSS чип од пет сателитски системи за што поточно позиционирање.
Професионалниот систем на тренинг за трчање Huawei TruSport, на корисниците им пружа длабинска анализа, давајќи им целокупен преглед на податоци како што се интензитетот на тренингот, обемот и времето на рекуперација. Новиот систем на мерење на способноста на трчањето, индексот на способноста на трчање (RAI), им овозможува на корисниците објективна проценка на способноста за трчање. Врз основа на овие податоци, Huawei развил индивидуална програма на трчање базирано на научни принципи и да ги прилагодат своите планови за трчање во Huawei Health апликацијата. Новата TruSeen 5.0+ технологија донесува и надграден модл за отчукувањата на срцето, кој вклучува осум фотодиоси во кружен распоред, подобрено динамичко следење на пулсот, и генерално подобрена точност на следењето на работата на срцето во текот на вежбањето.
Новиот Watch GT Runner има куќиште од полимерни влакна со керамичка завршна обработка и круна од титаниумова легура, како и само 38,5 грама заедно со антибактерискиот и водоотпорен ремен за часовникот. Во паметен режим на работа, батеријата трае 14 дена, односно 8 дена доколку постојано се користи. Од останатите опции треба да се истакнат барометарот и компасот, како и можноста за репродукција на музика. Компатибилен е со сите iOS и Android уреди. Веќе е во продажба по цена од 290 евра.