Кинеската компанија „Хуавеј“ започнала преговори со Русија околу инсталирање на руски оперативен систем (ОС) Аурора на 360.000 таблети за спроведување попис на населението во Русија наредната година.
„Хуавеј“ почна да бара алтернативен оперативен систем за „Гугл андроид ОС“, бидејќи Вашингтон ја стави кинеската компанија на ентитетската листа и се закани дека ќе и одземе пристап на клучните компоненти и технологии, преносува Ројтерс.
Потпаролот на компанијата потврди дека „Хуавеј“ преговара со руското Министерство за комуникација, но не откри повеќе детали.
„Ова е пилот проект. Ние го гледаме како прво ниво на отпочнување на рускиот „ОС“ на „Хуавеј“ уредите“, вели извор од компанијата.