Компанијата Valamar Riviera од Хрватска доби сертификат за управување со енергијата ISO 50001. Потпретседателот за деловен развој и корпоративни работи на компанијата, изјави дека тие во целост ја прифаќаат парадигмата дека обновливите извори и енергетската ефикасност се основа за одржлив развој на секоја компанија. Valamar Riviera само во последните три години вложила над 12 милиони куни во проекти за подобрување на енергетската ефикасност, при што во 2015 година е намалена емисијата на стакленички гасови од нивните објекти за 500 тони.
Оваа компанија, која е сопственик на едни од најубавите хотели на хрватското крајбрежје, освен системите за управување со квалитет ISO 9001, и за управување со животната средина ISO 14001, сопственик е и на престижните признанија: Sustainable Hotel, Travelife Gold Award, TUI Environmental Champions.
Ова е значаен пример за регионот во кој исклучително е мал бројот на компании, кои имаат систем за управување со енергијата.