Насловна / Арт и дизајн / Хрватски уметник црта со гребла и паднати лисја по паркови

Хрватски уметник црта со гребла и паднати лисја по паркови

Уметникот Никола Фалер од Осиек секоја година ги прави овие прекрасни сцени со помош на гребло и паднати лисја. Тој со своите интервенции ги збогатува јавните простори, во есен ги креативно обликува форми од паднатите лисја и создава импресивни уметнички дела со ограничен животен век.

3_resize

Никола Фалер, со поддршка на Градот Осиек, интервенира на јавни простори како што се паркови, тревници и бреговите на Драва, а неговите интервенции вклучуваат и пролетни акции на уметничко косење трева, како и цртање на речен песок.

6_resize

7_resize

Уметноста Land art на Фалер во ноември ги оплеменува есенските пејзажи, а минувачите извонредно реагираат на неговата работа.

Основач е и на здружението „Слама“ и главен организатор на единствениот land art фестивал во Хрватска, кој повеќе години по ред се одржува во Барања.

2_resize

Уметникот нагласува дека урбаниот land art е насочена кон творење во согласност со природата и циклусот на годишните времиња и како на овој начин сака да ја разбуди креативната и еколошката свест кај граѓаните и да го оплемени градскиот парковски  простор.

1_resize 4_resize 5_resize 8_resize 9_resize

10_resize

Испрати коментар

Scroll To Top