Компанијата „Инфраструктура“ во составот на Хрватската железница, обезбеди финансирање на уште еден проект со европски пари. Станува збор за оптимизација на напојувањето со електрична енергија од преносната мрежа, а со цел зголемување на енергетската ефикасност. Проектот вреди 1,69 милиони евра, од кои 60% се обезбедени од програмата Synergy (Connecting Europe Facility – CEF). Проектот предвидува изработка на истражувачка студија и имплементација на пилот проект, а реализацијата ќе заврши до 2019 година.
Сите детали ќе бидат прецизирани со изработката на студијата, но генерално оптимизацијата опфаќа вградување на нови броила, развој на модерен информациски систем за интелигентно управување на железничкиот сообраќај, набавка и инсталирање на опрема за компензација на реактивна електрична енергија и сл. Пилот проектот ќе овозможи дефинирање на индикатори за понатамошна примена на слични решенија не само во Хрватска туку и во регионот.