Насловна / Вести / Хрватската стопанска комора воведе ESG рејтинг за компаниите

Хрватската стопанска комора воведе ESG рејтинг за компаниите

Хрватската стопанска комора вовела хрватски ESG рејтинг како модел за оценување на одржливте практики кои ги применуваат компаниите. ESG рејтингот е оцена која се доделува на една компанија врз основа на нејзиниот однос кон животната средина (environment), општеството (social), како и во однос на усвоените пракси на управување (governance).

esg1

Користењето на овој рејтинг, носи бенефит во привлекувањето на капитал и инвеститори, но исто така им овозможува на компаниите да имаат подобар увид во своите перформанси и да стекнат увид во изложеноста на ризици. Критериумите за определување на ESG рејтингот се усогласени со регулативата, барањата на финансиските институции и пазарите на капитал, како и со спецификите на одделните индустрии. Еден дел од информациите ќе се собираат преку пополнување на прашалник, а остатокот преку јавнос достапни информации – оф финансиски показатели до емисии на гасови со ефект на стаклена градина за одредена дејност. Новата регулатива бара кредитните институции при проценка на ризиците да ги земаат во предвид и ESG ризиците.

esg2

Испрати коментар

Scroll To Top