Хрватската радиотелевизија и за 2015/2016 година потпиша договор со HEP Opskrba за користење на зелена енергија. Според овој договор, енергијата што ќе ја користи ХРТ за комплетно задоволување на своите потреби ќе потекнува од обновливи извори. Во февруари 2014-та, ХРТ стана прва од 20-те хрватски компании кои потпишаа ваков договор, и ја покажаа на дело општествената одговорност и еколошката свест.