Станува збор за проект кој го развиле компанијата „Пуриќ“ од Самобор крај Загреб и Отсекот за земјоделска техника и технологија од Агрономскиот факултет во Загреб. Проектот „Развој на автономен роботски флотен систем за препознавање и еколошко третирање на коров – cRobot“, започнат е во 2020 година. Сите цели на проектот се реализирани и произведени се два автономни роботи. Секој од нив се состои од неколку основни делови: поливалентни самоподвижни управувачки платформи, работен склоп (во зависност од намената) и компјутерски систем (со висок степен ан автономија). Роботите користат автономен систем и вештачка интелигенција, и можат да бидат 24 часа активни во полето. Покрај тоа, со проектот се извршени низа тестирања и подесувања на роботите за работа во реално опкружување.
За препознавање на еколошко третирање на коров на земјоделските површини, применета е вештачка интелигенција, така што автоматски се открива присуството на коров, со висок степен ан препознатливост од 87%. Со примена на ова решение, ќе се намали употребата на хербициди, ќе се подобри квалитетот на културите и ќе се влијае на оптимирање на трошоците. Конечно, со примена на роботите се намалува физичката работа на земјоделците.