Насловна / Вести / Хрватска зацрта амбициозна цел – климатска неутралност до 2050 година

Хрватска зацрта амбициозна цел – климатска неутралност до 2050 година

Со цел да постигне климатска неутралност до 2050 година, Хрватска мора да го зголеми производството од обновливи извори на енергија, да ја подобри енергетската ефикасност, да обезбеди нови капацитети за пренос на електрична енергија и се разбира да обзебеди финансирање на сите овие инвестиции. Министерот за економија и одржлив развој на Република Хрватска, Томислав Ќориќ, учествувајќи на конференцијата „Енергетика 2021“: Управување со зелената транзиција“, рекол дека оваа земја се определила за климатски неутрална економија до 2050 година. Но, Хрватска на тој пат ќе се соочи со многу предизвици, додал министерот.

На патот кон зацртаните цели, на Хрватска ќе и помогне и потпишувањето на договорот со Европската инвестициска банка (ЕИБ). Во овој документ јасно е прецизирано како ќе се развива инфраструктурата за производство и пренос на електрична енергија од обновливи извори, енергетската ефикасност, енергетска реконструкција на згради, зелена мобилност и циркуларна економија. Договорена е и поддршка на надлежното министерство, кога станува збор за развојот на Националниот енергетски и климатски план (NECP). NECP на Хрватска ќе и овозможи максимално искористување на можностите кои произлегуваат од различните програми, фондови и иницијативи на Европската Унија. „Предложивме повеќе од сто мерки и целосно сме свесни дека ќе бидат потребни сериозни вложувања во сите сектори. Декарбонизацијата и преминот на зелена економија, не се само обврска туку и голема прилика“ рекол Ќориќ.

hrvatska1

Како што е наведено на сајтот на Министерството за економија и одржлив развој, Хрватска во целост ја поддржува одлуката на Европскиот совет за намалување на емисиите на јаглерод диоксид на 55% до 2030 година. ЕИБ досега во Хрватска вложила 6,71 милиони евра кои се користени за развој на економијата, животната средина, енергетската инфраструктура и производство.

Европската унија си постави цел до 2050 година Европа да стане првиот јаглеродно неутрален континент. Енергетската транзиција, развојот на обновливите извори на енергија, како и заштитата на животната средина се главните области во кои се фокусирани многу земји, кога е во прашање постигнувањето на оваа цел.

hrvatska2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top