Во Хрватска е донесен Закон за управување со зградите, според кој ќе се казнува поставувањето на надворешни едници од клима уредите на места кои се видливи на фасадата. Казните достигнуваат до 10.000 евра. Законот нема да се применува ретроактивно, што значи дека граѓаните кои веќе имаат поставени клима уреди нема да бидат казнети.
Доколку изведувачот монтира надворешна единица на клима уред на фасада видлива од улицата, тој ќе биде казнет помеѓу 5.000 и 10.000 евра. Сопствениците на станови можат да очекуваат казни од 1.000 д0 5.000 евра. Новиот Закон предвидува и казни за изведување на градежни работи кои го нарушуваат изгледот на зградите, како на пример затворањето на тераси.