Насловна / Вести / Хрватска вложува 50 милиони евра во геотермална енергија во близината на шест градови

Хрватска вложува 50 милиони евра во геотермална енергија во близината на шест градови

Хрватска покренала истражување на геотермални води во близина на шест градови и во проектот планира да вложи 50 милиони евра. Геотермалните истражувања сврстени се во Националниот план за опоравок и отпорност (NPOO) како еден од клучните енергетски проекти. Во склоп на тој план, Агенцијата за јаглероводороди добива неповратни 50 милиони евра за оваа намена. Хрватска е веќе позиционирана како атрактивна дестинација за развој на геотермална енергија во споредба со многу други европски земји.

благодарение на средствата добиени од NPOO се работи на истражувања во близина на Винковци, Вуковар, Осијек, Сисак, Запрешиќ и Велика Горица. Во случај на позитивен исход од истражувањето, тие градови би добиле геотермални извори за греење на домаќинствата, градските установи и компании. Досега, на споменатите подрачја снимена е сеизмиката и стартувана е изработка на четири бушотини. Завршувањето на проектот е планирано за јуни следната година, кога би требало да биде познато каков е геотермалниот енергетски потенцијал на секој град. Инаку, најголем геотермален потенцијал поседува панонскиот дел на Хрватска. Моментално во Хрватска има 12 експлоатациони полиња и 24 истражни простори за геотермални води. Досега е изградена и во функција само една геотермална електрана од 10MW. Најголеми инвеститори во геотермалниот сектор се компаниите Soyak Energy и ENNA grupacija со над 55 милиони евра.

 

Испрати коментар

Scroll To Top