Во хрватскиот град Крк, на истоимениот остров, почнало рушењето на најголемата бесправно подигната населба која ја сочинуваат дури 120 објекти. Некои од сопствениците веќе почнале сами да ги рушат објектите, а предвидената динамика на властите е да срушат по 40 објекти неделно.
Градот Крк со години се соочувал со проблеми со бесправно градење. Споменатите објекти никогаш не биле приклучени на комуналната инфраструктура, немаат ниту вода ниту електрична енергија. Што ќе никне на тој простор кога ќе се отстранат сите овие објекти, сеуште не се знае. Парцелите и натаму се во приватна сопственост. Во градот сметаат дека би требало да се врати првобитната намена – земјоделство и шумарство.