Насловна / Вести / Хрватска: Производство на водород на локацијата на термоцентралата на јаглен „Пломин“

Хрватска: Производство на водород на локацијата на термоцентралата на јаглен „Пломин“

Државната компанија „Хрватска електропривреда“ (HEP), распишала јавна набавка за подготовка на документација за добивање на локациска дозвола за фотонапонска електрана и електролизер за производство на водород, на теренот на термоелектраната „Пломин“.

plomin1

Планирано е ТЕ „Пломин“ да престане со работа во 2035 година, па HEP разгледува опции за друга намена на оваа локација. Инаку, во почетокот на јуни минатата година, компанијата ангажирала консултанти со цел анализа на најдобрите достапни техники (BAT) за користење на алтернативни горива – гас, биомаса и отпад во блок А.  Овој блок со инсталирана можност од 125 MW, не работи од крајот на 2018 година. Инаку, ТЕ „Пломин“ има и блок B, со инсталирана моќност од 210 MW, кој е во функција.

plomin2

Фотонапонската постројка ќе го снабдува електрозилерот и ќе испорачува еелктрична енергија во мрежата, во зависнсот од потребите. Планираната инвестиција е во согласност со Стратегијата за просторен развој на Хрватска. Произведениот водород е можно исто така да се користи како гориво во котелот на постоечкиот котел во блок B, или во гасоводната мрежа на компанијата Plinacro, до максимални 10%. Постојат и други опции, како што е компримирање на водородот и негова продажба како гориво за камиони и бродови, и сл.

Испрати коментар

Scroll To Top