Фондот за заштита на животната средина и енергетска ефикасност на Република Хрватска, најави дека во првиот квартал на 2015 година ќе објави конкурс за субвенционирање на електрични автомобили. За субвенционирање ќе бидат издвоени околу 1,8 милиони евра, а заинтересираните ќе можат да купат електрични или хибридни автомобили. Купување на конвенционални автомобили со намалена емисија на јаглерод диоксид нема да се субвенционира.
Во овој период се изработува документацијата за конкурсот, а се планира воведување на субвенции и за други категории на еколошки автомобили.
Инаку, минатата година фондот за субвенционирање на електричните автомобили изнесуваше нешто повеќе од два милиони евра, односно над 9.100 евра по автомобил.