Насловна / Вести / Хрватска планира нови инвестиции во терминалот за течен природен гас на Крк

Хрватска планира нови инвестиции во терминалот за течен природен гас на Крк

Владата на Хрватска најави инвестиција од 180 милиони евра во проширување на капацитетот на пловечкиот терминал за течен природен гас (ТПГ) на Крк, како и изградба на нов гасовод.  Терминалот на овој остров во северниот дел ан Јадранот, започна со работа во јануари 2021 година. Според најавите, неговиот капацитет е планирано да се зголеми за 2,6 милијарди метри кубни. Проектот опфаќа и вложувања во нов гасовод кој треба да ги поврзе градовите Злобин и Босиљево во северозападна Хрватска. Од вкупно планираните средства, 155 милиони евра ќе бидат наменети за новот гасовод, а 25 милиони евра за проширување на терминалот.

default

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top