Насловна / Вести / Хрватска очекува барем 600 милиони евра од продажбата на дозволите за емисии

Хрватска очекува барем 600 милиони евра од продажбата на дозволите за емисии

Владиниот план за контрола на цените на енергијата, подразбира посегањe по средствата заработени со продажба на емисиските единици преку системот на ЕУ за тргување со емисии (EU ETS). Станува збор за заштедени тони јаглерод диоксид со кои се тргува на отворениот пазар на ЕУ, а купувачите се финансиски институции и компании кои го „купуваат“ правото да загадуваат.

euets1

euets2

 

Имено, државата на јавно советување ги стави измените на Планот за користење на финансиските средства добиени од продажба на емисиите во Република Хрватска во периодот 2021 – 2025 година. Бидејќи цената на јаглеродниот диоксид рапидно расте, расте и потенцијалната добивка. На почетокот на 2020 година, цената на ETS дозволите беше околу 25 €/t, а денес е околу 80-90 €/t. Парите од тој План, ќе се користат меѓу останатото за контрола нa цените на енергијата, преку краткорочни субвенции и други мерки, што е во согласност со насоките на ЕУ. По овој основ буџетот смета на средства од околу 600 милиони евра.

euets3

Испрати коментар

Scroll To Top