Растот на капацитетите за производство на електрична енергија од солар и ветер во Хрватска, заедно со гасењето на погоните на мазут, во последните неколку години значајно го измени електроенергетскиот микс. Хидроелектраните на почетокот на годината имале удел од 36,5% во вкупниот капацитет на мрежата, односно 1,87 GW, со дополнителни 281 MW во реверзибилни електрани. Следен е ветерот со 1,14GW.
Електраните на природен гас имаат вкупно 886 MW. Единствениот капацитет на јаглен, термоелектраната „Пломин, има 217 MW, што е само 4,2%. На мазут работеле само 45 MW. Капацитетот на соларните електрани достигнал 463 MW, додека преостанатите 225 MW отпаѓаат на другите обновливи извори и постројки за енергија од отпад. Освен тоа, Хрватска е сопственик и на половина од нуклеарната електрана „Кршко“.