Фондот за заштита на животната средина и енергетска ефикасност на Хрватска, објави дека и оваа година ќе продолжи програмата за доделување субвенции за купување електрични и хибридни возила, како и енергетски ефикасна реконструкција на семејни куќи.
Вредноста на субвенциите достигнува и до 45%. За оваа намена дел од срeдствата се обезбедуваат од фондовите на ЕУ. Мината година преку оваа програма се реконструирани околу 4.000 куќи, со што значително се подобрени нивните енергетски перформанси, а бројот на купените еко возила постојано е во пораст.
На тој начин, преку помагање во буџетот на граѓаните, сериозно се влијае на намалување на загадувањето во сообраќајот.