Насловна / Архитектура / Хрватска: Компанијата Infobip отвори нов стартап кампус во Загреб, вреден 20 милиони евра

Хрватска: Компанијата Infobip отвори нов стартап кампус во Загреб, вреден 20 милиони евра

Три години по најавата, хрватската компанија Infobip го изгради и го отвори 20 милиони вредниот нов кампус во Загреб. Компанијата има слична историја со речиси сите компании во областа на новите технологии – започнале во гаража, а денес имаат канцеларии на сите континенти во над 60 светски градови.  Новиот кампус, наречен Alpha Centauri, е инженерското средиште на компанијата. Izabel Jelenić, коосновач и главен технички директор на Infobip, вели дека кампусот во Загреб брои над 300 инженери. „Овде, во Загреб сега е сместен нашиот глобален центар за инженерска извонредност, а низ Хрватска ќе имаме и други локации каде ќе вработуваме инженери, како на пример во Сплит и Осијек.  На глобално ниво, имаме уште развојни, инженерски центри и тие ќе бидат координирани од овде“, рекла Jelenić. Новиот кампус, сместен во Нов Загреб, во близина на „Арена Загреб“, се простира на 11.900 квадратни метри затворен и дополнителни 5.100 квадратни метри отворен простор.

infobip1

default

infobip3

 

Во моментот, тоа е најголемиот стартап кампус во Загреб, и сега веќе работи со 50% од капацитетот. Веќе се направени четири аквизиции, а до крај на годината ќе биде подготвен за  IPO (Initial Public Offering). Во новиот кампус има менза во која дневно се подготвуваат 400 оброци, од менито кое нуди триесетина опции, а исклучително се внимава на потеклото на храната, па набавката се врши од пет семејни земјоделски стопанства од Хрватска. Просторот ги нуди сите потребни техничко – технолошки услови, а самата работна средина и модерниот ентериер се навистина инспиративни за работа. Од компанијата веруваат дека сето тоа се одлични предуслови за поттикнување на истражувачкиот дух и создавање на нови решенија, производи и услуги кои ќе обезбедат раст и развој.

infobip4

infobip5

Испрати коментар

Scroll To Top