Хрватската групација ДИВ најави дека ќе го гради најголемиот парк со ветерници во Босна и Херцеговина, јави Фена. Според најавите, паркот ќе се наоѓа во близина на Томиславград, а неговата изградба треба да почне следната година. Примарна дејност на ДИВ е бродоградежништвото и производството на валјаци и столбови за еолски централи.
Со новата инвестиција ДИВ планира да се вклучи на пазарот и како производител на електрична енергија од обновливи извори. Планот на групацијата е до 2017 година во Хрватска и во други земји од регионот да инсталира електрани со ветерници со капацитети од 400 до 600 мегавати.
ДИВ поседува фабрики за валјаци во Самобор и Книн, бродоградилиште во Сплит, како и производствени погони во Србија и БиХ.