Иако фудбалската репрезентација на Хрватска е најуспешна во регионот на поранешна Југославија, инфраструктурно е далеку од европскиот врв, бидејќи „Ватрени“ натпреварите како домоаќини ги играат на стадиони кои не може да се споредуваат со најмодерните. Сепак, тоа наскоро ќе се смени. Имено, од 2023 година започнува проектот за изградба на ново модерно здание, односно национален стадион во Загреб. Во финансирањето ќе учествува и државата, а истовремено ќе се стартува и со реконструкција на спортските објекти ширум Хрватска. Основа за тоа дава и новиот Закон за спорт кој стапува на сила на почетокот на 2023 година. Тој воведува новина во однос на тоа дека Владата со своја одлука може да одреди кои спортски објекти се од национално значење.