Насловна / Вести / Хрватска ја зголемила целта за уделот на енергијата од обновливи извори од 36% на 42%

Хрватска ја зголемила целта за уделот на енергијата од обновливи извори од 36% на 42%

Хрватска ги зголеми своите најважни цели во ажурираниот Национален енергетски и климатски план за перидот 2021 – 2030 година, па така уделот на обновливите извори е зголемен од 36% на 42%.

Националните енергетски и климатски планови (НЕКП), ги содржат главните климатски и енергетски цели на земјите, како и конкретни мерки за тоа како тие цели ќе бидат остварени. Хрватска ја завршила ажурираната верзија на НЕКП и ја ставила на јавна расправа. Главните причини за ова ажурирање се зголемувањето на климатските амбиции до 2030 година на ниво на ЕУ и достигнување на јаглеродната неутралност до 2050 година, се истакнува во оваа финална верзија. Во овој контекст, Хрватска усвоила помабициозни цели во однос на намалувањето на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина и зголемување на целите за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.

Така, целта за намалување на емисиите во секторите опфатени со Системот за тргување со емисии на ЕУ (EU ETS) во однос на 2005 година, е зголемена од најмалку 43% на 62%. Намалувањето на емисиите за секторите надвор од EU ETS, е поместено од најмалку 7%, на сегашните 16,7%. Хрватска планира уделот на обновливите извори во бруто потрошувачката на енергија до 2030 година да достигне 42,5%, што е раст од 6,1% во однос на првобитниот НЕКП. Целта за уделот нa зелената енергија во сообраќајот е речиси дуплирана – од 13,2% на 24,6%.

Хрватска оваа година веќе има спроведено еден јавен повик за доделување на субвенции, односно аукција за премии за ветерни паркови, соларни електрани и хидроцентрали со поголем капацитет. Доделени се премии за електрани со вкупен капацитет од 420MW. Во моментот е во тек доделување на субвенции во вид на загарантирани откупни цени за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, поточно за соларни електрани и хидроелектрани.

Испрати коментар

Scroll To Top