Насловна / Вести / Хрватска ја очекува првата постројка за производство на водород до 2025 година

Хрватска ја очекува првата постројка за производство на водород до 2025 година

До 2025 година, Хрватска би требало да ја добие својата прва постројка за производство на водород, а владата во Загреб веќе започна постапка за изработка на национална стретагија за водород за периодот 2021-2050 година.  На водородот сериозно се смета во хрватската енергетска транзиција, како и во декарбонизацијата на сообраќајот и индустријата. Хрватската нафтена компанија INA веќе работи на подготовка за воведување на водородот во сообраќајот.

vodorod2

Минатата година, ЕУ ја усвои Стратегијата за водород со цел да се создадат услови за негова масовна примена. Стратегијата до 2030 година предвидува вложувања од 447 милијарди евра во изградба на 40GW постројки за електролиза, дополнителни капацитети во обновливи извори за тие постројки, како и инвестиции во транспорт, складирање и дистрибуција на водородот.

vodorod1

Испрати коментар

Scroll To Top