На островот Црес, почнува изградбата на најголемата хрватска соларна електрична централа. Се работи за СЕ Орлец тринкет Исток со инсталирана моќност од 6,5 MW. Инвеститор е хрватската државна енергетска компанија ХЕП (Хрватска Електропривреда). Новата електрична централа освен тоа што ќе биде најголема во Хрватска од овој вид (дури шест пати поголема од досегашната најголема), воедно ќе биде и најголем таков интегриран систем и во рамките на ХЕП и во Хрватска воопшто. Компанијата ХЕП веќе има девет соларни централи на покривите на своите деловни згради во Загреб, Осијек, Сплит, Задар, Дубровник, Шибеник, Чаковец и Опатија.
Централата ќе се простира на површина од 17 хектaри и ќе се состои од 13 сегменти со поединечна моќност од 500 kW.