Од хрватското Министерство за градежништво и просторно планирање наведуваат дека според последните обработени податоци (заклучно со 7 октомври 2014) енергетски сертификат во Хрватска имаат 32.005 објекти. Околку една третина од овој број се однесува на новоградби, додека 21.716 сертификати се издадени за постоечки згради. Што се однесува до енергетската класа (8 класи) во која се категоризирани објектите, видливо е дека над 30% припаѓаат на енергетската класа „C“. Потоа следуваат 7.868 објекти со енергетска класа „B“. Во највисоката, односно „А+“ енергетската класа, категоризирани се најмал број објекти, што е разбирливо со оглед на високите критериуми пропишани за оваа класа.
Притоа се истакнува дека голем број енергетски сертификати се издадени без извршена енергетска ревизија, што е голем проблем бидејќи сопствениците ја немаат добиено неопходната анализа, а постои и опасност при контрола сертификатот да се прогласи за неважечки. Министерството најавува зачестени контроли за регулирање на овие состојби.