Насловна / Вести / Хрватска е првата земја на светот која целосно ја забрани употребата на фреони

Хрватска е првата земја на светот која целосно ја забрани употребата на фреони

Ozonska obvivka

Хрватска е првата држава во светот која во целост ја укина потрошувачката на фреоните, една од најштетните материи за озонската обвивка. Точниот назив на оваа група соедниенија е халогенирани хлорофлуоројаглеводороди (HCFC). „Горди сме што Хрватска ја укина потрошувачката на овие соединенија прва на светот, меѓу 149 други земји и цели 26 години пред крајниот рок за тоа определен со Монтреалскиот протокол“, јавуваат од Министерството за животна средина на оваа земја.

Проектот „Укинување на потрошувачката на HCFC во Хрватска“ започна во 2010 година, а финансиран е од страна на Организацијата на Обединетите нации за индустриски развој (UNIDO) и т.н „Fond za zaštitu okoliša i energetsku učinkovitost“. Заменети се 13 централни климатизациони системи и ладилни машини во болниците и јавните институции кои користеле фреон како ладилен медиум.

Монтреалскиот протокол е еден од најуспешните меѓународни договори со кој е овозможено намалување на емисијата на материи кои се штетни за озонот, а целосно опоравување на озонот се очекува кон средината на веков.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top