Насловна / Вести / Хрватска добива автомобилски гигант: Римац отвора 2300 работни места

Хрватска добива автомобилски гигант: Римац отвора 2300 работни места

Основачот и директор на компанијата „Римац автомобили“, Мате Римац, го претстави планот за изградба на кампусот на оваа компанија. Во кампусот ќе биде сместено седиштето на компанијата, модерни истражувачко развојни постројки, паметна фабрика за високотехнолошки компоненти и електрични автомобили, како и дополнителни пропратни содржини. Вложувањето во проектот на кампусот ќе овозможи реализација на се поголем број проекти со кои се занимава компанијата на Римац, како и услови за сериско производство. Се планира отворање на вкупно 2.300 работни места за високообразувани стручњаци.

Компанијата планира и изградба на центар за испитување на технологии и компоненти за електрични возила, кој е неопходен за задоволување на растечката побарувачка за нивните услуги, како и проширување на услугите во областа на испитување на батериските системи, погонските системи и нивната еколошка прифатливост. Наведено е дека инвестициите кои ги планира компанијата „Римац автомобили“ имаат поширок контекст во развојот на локалниот и националниот сообраќај, но и во образовната и развојно – истражувачката инфраструктура.

rimac1

rimac2

rimac3

Испрати коментар

Scroll To Top