Насловна / Вести / Хрватска доби 4 милиони евра неповратни средства за борба против климатските промени

Хрватска доби 4 милиони евра неповратни средства за борба против климатските промени

Хрватска доби околу 4 милиони евра од Оперативната програма „Конкурентност и кохезија“ на ЕУ, за реализација на проекти во рамките на повикот „Зајакнување на применетите истражувања за мерки за прилагодување кон климатските промени“. Имено, Министерството за заштита на животната средина и енергетика во јули минатата година распишало повик за европско кофинансирање на проекти кои имаат за цел поддршка во борбата против климатските промени во ранливите и/или трансверзални сектори од националниот седми извештај за климатските промени. „Климатските промени се предизвик за целото човештво. Затоа, не треба да чуди што Европската Комисија донесе документ кој од Европа треба да создаде климатски неутрален континент. Во таа смисла веќе сега имаме научни и политички консензус за вложување во вакви проекти уште денес, со цел намалување на трошоците и штетите во иднина“ изјавил хрватскиот министер за енергетика Томислав Ќориќ.

kohezija1

kohezija2

kohezija3

Испрати коментар

Scroll To Top