Во Хрватаска во првата половина од годинава, биле регистрирани 970 нови електрични возила, што е за 28,4% повеќе од истиот период лани. Највеќе електрични возила се од брендот Renault, а на второ место е Tesla. Сега уделот на новорегистрирани електрични возила на хрватскиот пазар изнесува 2,7%.
Интересно е дека во истиот период биле продадени 7.166 хибридни возила, што е удел од дури 20,1 % во вкупниот број новорегистрирани возила во земјата. Половина од продажбата отпаѓа на возила со бензински мотори 53,3% (18.999 нови возила), а 19,5% (6.956 возила) се возила со дизел погон. Според тоа хибридите се побројни од дизел возилата.