Насловна / Вести / Хрватска би можела да добива 20% од енергијата од Јадранското море

Хрватска би можела да добива 20% од енергијата од Јадранското море

Професорот Невен Дуиќ од Факултетот за машинство и бродоградба во Загреб, вели дека компанијата INA ќе гради ветерни паркови на море откако во 2025 ќе заврши со експлоатацијата на гас и ќе ги затвори своите платформи во северен Јадран. Тој објаснува дека „сината енергија“ односно користењето на енергијата од морето, би требало да се следи и во контекст на европската енергетска транзиција, за која ќе бидат наменети значајни средства од фондовите на ЕУ во следните десетина години. Потенцијалот на енергијата на морето, според неговите зборови, е голем и во другите делови на Јадранското море, не само на северот каде се гасните платформи, но за негово користење би требало да се почека развојот на технологиите на пловечки ветерни електрани, кој ќе можат да работат и на длабочини поголеми од 100 метри. Според неговите проценки, барем 20% од хрватската енергија би можела да се произведе од Јадранот. Тој на настанот „Денови на сината енергија“, во врска со моожностите за користење на енергијата од морето, рекол дека во следните десетина години Хрватска би требало да гради офшор ветерни електрани, првенствено на локациите каде денес има гасни платформи. Хрватската нафтено гасна компанија INA има 19 нафтени платформи во северен Јадран, и годишно произведува околу една милијарда метри кубни гас, што одговара на околу 30% од потребите на земјата. Професорот Дуиќ се осврнал и на значењето на топлинските пумпи кои би ја користеле топлината од морето и би овозможиле загревање и ладење на крајбрежните градови.

duic1

duic2

 

Испрати коментар

Scroll To Top