Насловна / Вести / Хрватска без успех во обидите за пренамена на воените објекти од ЈНА

Хрватска без успех во обидите за пренамена на воените објекти од ЈНА

 

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

На просторот на поранешна Југославија сè уште постојат илјадници воени објекти од некогашната ЈНА: касарни, вили, аеродроми, рекреациски центри и сл. Државите наследнички во последните 25 години се обидуваат да ги пренаменат за цивилни цели – главно неуспешно. Во Хрватска на пример, постојат 392 објекти кои Министерството за одбрана ги прогласило за неперспективни, и дoпoлнителни 358 кои се веќе во надлежност на ДУУДИ (Државни Уред за управљање државном имовином). Оваа институција кон крајот на мај ја покрена акцијата „Проект 100“, чија цел е ставање во јавна или комерцијална функција на стотици недвижности во државна соспстеност. „Но, идејата да се заработи на поранешниот воен имот, или преку ноќ да се привлечат инвестиции, спаѓа во илузии за развој од имагинацијата на политичарите“, истакнува за Deutsche Welle,

06
Круно Кардов, социолог од загребскиот Филозофски факултет. „Се работи за долготраен процес кој во другите земји трае по десетина години. Само процесот на планирање трае по неколку години. Од друга страна пак, во процесот треба да бидат вклучени повеќе институции: единиците на локалната самоуправа, невладини организации, инвеститори, министерства и сл. Во Хрватска недостасува координација меѓу сите овие институции, а сите процеси се одвиваат нетранспарентно“, истакнува Кардов.

DZV_1058
Дополнителен проблем за преадаптација на воените објекти е непостоењето на соодветна инфраструктура. Тие објекти не се градени за цивилни цели и најчесто се сообраќајно изолирани. На пример, новиот кампус на Боронгај во Загреб што претставува адаптација на воен објект, воопшто нема конекција со јавниот превоз. Според тоа, неспорно е дека ваквите објекти можат да бидат интересни за комерцијални или јавни цели, но често бараат големи вложувања, па можеби на инвеститорот поисплатливо ќе му биде да вложи во „greenfield“ инвестиција.

02
Со оглед на фактот што Хрватска е една од најпопуларните туристички дестинации, овие објекти нудат огромни можности и за хрватските острови. Но потенцијалот сè уште не е искористен. Островот Вис е класичен негативен пример. Се работи за остров кој во годините на поранешната заедничка држава бил високо милитаризиран и затворен за туристите, но бил дом за повеќе илјади војници сместени во триесетина денес запуштени објекти. Нивната преадптација би била вистинско освежување за туризмот на овој дел од Јадранот.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
Како пример за добра пракса, Кардов ја наведува Германија. Во оваа земја, државата или јавните агенции вложуваат во ваков неперспективен имот, со цел неколкукратно да ја зголемат вредноста на недвижноста и да ја понудат на пазарот по високи цени.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top