Насловна / Вести / Хрватска: Бесплатното полнење на електричните возила заминува во историјата

Хрватска: Бесплатното полнење на електричните возила заминува во историјата

Бесплатната енергија за електричните и хибридните автомобили во Хрватска, полека заминува во историјата, бидејќи сопствениците на станиците за полнење стартуваат со наплата на оваа услуга. Во компанијата ХЕП (HEP – Hrvatska Elektroprivreda), најавуваат воведување наплата на услугата до крајот на 2019 година. Во Хрватски Телеком (HT), нагласуваат дека тие се оператори на мрежата на станици за полнење, но не се сопственици на станиците, туку само ги поставуваат и одржуваат. Досега, компанијата HT има воведено наплата за седум свои станици, на кои наплатува по минута полнење.  Компанијата Tifon, одлучила од 16ти мај да започне со наплата на своите услуги, при што цената за полнење на бавните станици (AC), ќе биде 54,90 куни (455 денари), додека на брзите станици за полнење (DC) цената e 74,90 куни (622 денари).

Инаку, Хрватска во моментот има станици за полнење на 272 локации со 693 приклучоци, додека во земјата с ерегистрирани 459 електрични и 3717 хибридни автомобили.

e-punionice1

e-punionice2

e-punionice3

e-punionice4

Испрати коментар

Scroll To Top