Насловна / Вести / Хрватска анализира опции за алтернативно гориво за некогашната термоцентрала на јаглен „Пломин 1“

Хрватска анализира опции за алтернативно гориво за некогашната термоцентрала на јаглен „Пломин 1“

Во Хрватска, во моментот во погон е само уште една термоелектрана на јаглен – „Пломин 2“ или „Пломин Б“, со инсталирана моќност од 217 MW. Таа постројка во Истра е изградена во 2000 година и користи увозен камен јаглен. Енергетската криза, дополнително влошена со војната во Украина, ја поттикна компанијата HEP (Hrvatska Еlektroprivreda) да бара решенија. Компанијата одлучила да ги испита можностите за враќање на електраната „Пломин 1“ на мрежа. Тој блок на јаглен со инсталиран капацитет од 125 MW, познат и како „Пломин А“, е отворен во 1970 година. Работел до 2017 година, кога е тешко оштетен во пожар, по што јавноста изврши притисок погонот да биде трајно затворен. Контроверзниот план за изградба на „Пломин 3“ е дочекан „на нож“ и доведе до протести и тужби, па запре неговата детална разработка. Минатата година, владата се обврза да го напушти јагленот во 2033 година.

plomin1

HEP го избра конзорциумот составен од домашната компанија Kemokop VPC GmbH и Goudini International Advisory од Германија, да утврди кои се најдобрите достапни техники (BAT) за користење на алтернативни горива – гас, биомаса или отпад, во нефункционалниот блок „Пломин 1“. Студијата мора да опфати воспоставување на интегриран систем за управување со отпадот, искористување на отпадот за добивање енергија, како и намалување на количините за депонирање. Конзорциумот има обврска да води грижа за просторното планирање, исплатливоста, стандардите за енергетска ефикасност и др.

plomin1a

Градоначалникот на Лабин, град во непосредна близина на електраната, вели дека локалното население мора да биде вклучено во овој процес. За нив може да биде прифатливо корситењето на гас и биомаса, но со мали количини отпад. Сепак, градоначалникот додава дека сите се свесни дека енергија мора да се произведува. „Пломин 2“ има постројка за десулфуризација, а гипсот кој се добива како нус производ веќе 20 години се користи во цементарницата исто така во близина на електраната.

plomin2

Испрати коментар

Scroll To Top