Хрватска ќе ги стимулира своите земјоделци да инвестираат во проекти за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, преку грантови во вкупна вредност од 20,2 милиони евра.
Вкупната инсталирана моќност на капацитетот за производство на електрична енергија и/или топлинска енергија, мора да биде помал или еднаков на моќноста која е потребна на фармата. Произведената енергија мора да се користи за потребите на земјоделското домаќинство, додека вишоците би можеле да се испорачаат во електроенергетската мрежа, без надомест.