Хрватската радио телевизија (HRT) е една од првите компании во Хрватска која избра да се снабдува со електрична енергија од обновливи извори, односно енергија која го поседува сертификатот „ZelEn“. Компанијата деновиве повторно склучи договор за обезбедување енергија од ваков вид и продолжува со грижата за животната средина.
Потеклото на оваа електрична енергија е гарантирано од страна на Хрватскиот оператор на пазарот на енергија, а сите купувачи можат да го користат жигот „ZelEn“ на своите промотивни материјали и производи. Производот „ZelEn“ постои во Хрватска веќе две години.