Насловна / Вести / И храната може да помогне против загадениот воздух

И храната може да помогне против загадениот воздух

Hrana zdrava

Жителите на сите поголеми градови во сиромашните земји, но и половината од населението во богатите земји, ги мачи ист проблем – загадениот воздух потенцијално опасен за нивното здравје и живот. Иако вистинско решение за овој проблем е надвор од моќта на единката, сепак човекот има начин во извесна мера да се заштити од ова штетно влијание на загадениот воздух.

Лошиот квалитет на воздухот одамна се поврзува со болестите на белите дробови, срцето, бубрезите, но и со дијабетесот, Алцхајмеровата болест, предвремени породувања и сл.

Harvard Grb

Но, ако може да му се верува на најновото научно истражување, исхраната збогатена со омега-3 масни киселини може многу да помогне во борбата против загадувањето, пренесува Guardian. Имено, Студијата на Универзитетот Харвард спроведена врз глувци, покажала дека симптомите на воспаление и оксидационен стрес во самите клетки можат да бидат 30-50% намалени доколку се внесува храна како што е масна риба, лен и сл., и дека токму овие намирници се одлична превенција за болестите што најчесто се јавуваат во загадените подрачја.

„Со оглед на фактот што решавањето на проблемите со загадениот воздух подразбираат долгорочни инвестиции, добро е да се знае дека нешто можеме да направиме сами и да го направиме веднаш. Им препорачувам на сите што живеат во загадени подрачја да земаат омега -3 масни киселини било тоа да е преку храната или во вид на сумплементи“, вели авторот на истражувањето д-р Канг.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top