Храната секогаш може да биде уметност, особено ако се поготвува со вештина и страст. Австралиската рекламна агенција WHYBIN/TBWA успеа да креира промотивна кампања за свој познат меѓународен фестивал за храна кој се одржува во Сиднеј, и тоа со помош на храна. Нивната идеја е навистина едноставна. Тие создадоа национални знамиња на 18 земји, користејќи ја храната што е типична и традиционална за секоја од нив, и која ќе може да ги прикаже боите на знамето. Неколку пати тие направија мали грешки при создавањето на овие креации, но сепак некои од знамињата се навистина фантастични, како на Јапонија, Бразил и Индија.