Хотелот Palazzo Margherita се наоѓа во Берналди, мало гратче на југот на Италија и дефинитивно припаѓа на оние места кои едноставно мора да се почувствуваат со сите сетила.
Станува збор за вистинска палата од 19 век, изградена во 1892 година од семејството Маргарита, а неодамна целосно реновиран од познатиот режисер Френсис Форд Копола во соработка со францускиот дизајнер Жак Гранж. Копола го купи Palazzo Margherita во 2004 година со желба да го трансформира во мал луксузен италијански бутик хотел, верувајќи дека е време да ги запознае посетителите со овој зачудувачки и се уште неоткриен регион.
Благодарение на овој необичен тим, местото со посебен историски дух е претворено во луксузно, автентично италијанско искуство кое ги воведува гостите во светот на луксузната удобност. Хотелот е опкружен со градини, двор и базен, а се наоѓа на само неколку чекори од мало, прометно гратче каде посетителот е пријател и сосед, а не турист.
Френсис сонувал да го направи Palazzo Margherita место кое неговите деца би сакале да го посетуваат повторно и повторно, и затоа го покани целото семејство да придонесе со дизајнерски идеи. Токму ова „чувство за семејство“ го прави Palazzo Margherita еден од најшармантните мали луксузни хотели во Италија.
Внатрешноста на хотелот е стилизирана со подови со плочки, како и фантастични рачно насликани фрески. Исто така, важно е да се спомене дека Гранж дизајнираше некои од егзотичните плочки и мебелот, вклучувајќи го и еден од најубавите апартмани во северноафрикански стил посветен на бабата на Копола, по потекло од Тунис.