Денеска во Kуршумли ан посетителите на „Неделата на дизајнот“ ќе може да ги проследат работилниците за фузија на стакло (од 13 до 16 часот) и работилниците Подвижен bookbox и „Дизајн на комуникација vol 2 – Виртуелен хајд-парк“ (од 15 до 17 часот).
Преку целиот ден од 10 до 17 часот ќе се одржи презентацијата Balkan Design Network, а од 12 до 13 часот е прогласувањето на победникот од интернационалниот конкурс за брендирање на производот гроздов мед на „Тиквеш“.
Ќе се одржат и презентациите „Здраворазумно зголемување на свесноста за брендот“ на Рикардо Kапузо, како и „Посттрауматски стрес-дизајн“ на Никола Радељковиќ. Во рамките на „Гастроталент-лабораторијата“ ќе се одржи презентација на биокекси, а од 16 до 20 часот е отворената кујна во соработка со ресторанот „Барбакан“.
Утре, петок, ќе може да се проследи работилницата за обликување керамички чаши, која ќе се одржи од 12 до 16 часот.