Канадската уметница со њујоршка адреса, Chloe Wise, во својот уметнички проект го преиспитува поимот конзумација/конзумеризам во рамките на начинот на живот во современите глобални општества и неговите две главни, според нејзиното мислење, движечки сили – храна и пари.
Во својот гастро-моден проект авторката користи различни пекарски производи: вкусни палачинки, крцкави кроасани, белгиски вафли со шеќер во прав, румени пецива, кои потоа ги аранжира, односно ги украсува со препознатливи логоа на луксузни модни куќи како што се „Шанел“, „Прада“, „Moшино“, „Луј Витон“ и други, создавајќи на тој начин уметнички „чанти“.