Насловна / Вести / HP во мај го пушта најтенкиот лаптоп во светот

HP во мај го пушта најтенкиот лаптоп во светот

Глобалната американска компанија HP реализира лаптоп, со кој ќе се обиде да го привлече вниманието на целиот свет. Имено, најновиот лаптоп компјутер – Spectre 13, е дебел само 10,4 милиметри и се претпоставува дека е најтенкиот лаптоп некогаш создаден. Практично тој е потенок од MacBook на Apple и XPS 13 на Dell.hpspectre13

Spectre 13 располага со 13,3-инчен дисплеј, 8 GB RAM меморија и 256 GB меморија на основниот модел. Во поголемиот дел тој е составен од сив алуминиум, дното му е од материјал од карбонат, а во аглите има големи бронзени елементи.

Компанијата ќе започне да прима предвреме нарачки на Spectre 13 на 25 април, и стартната цена е 1.169,99 долари. Испораките ќе стартуваат во месец мај.hp-spectre-13

HP е еден од производителите на лаптопи, кој се насочува кон намалување на димензиите на уредите, нивната тежина и еластичност.

Испрати коментар

Scroll To Top