Насловна / Архитектура / House Dokka на Snøhetta сместена во норвешките брда

House Dokka на Snøhetta сместена во норвешките брда

Архитектонското биро Snøhetta и инженерот Tor Helge Dokka ја проектирале House Dokka, куќа од масивно дрво сместена на падините на рид во Конгсберг во Норвешка.

0

House Dokka се состои од два волумена обложени со дрво, носени од големи дрвени столбови поставени во карпестиот пејзаж со дрвја.

Според Snøhetta и Dokka, кој исто така е и клиент на проектот, намерата е да потсетува на „лебдечка куќа на дрво“.

6nn

Овој изглед е постигнат со горниот волумен на куќатат, кој излегува преку ридот и е носен од столбови.

Се одликува со црна дрвена облога и кос кров обложен со фотоволтаични (PV) панели и се наоѓа на ниво со врвот на ридот со премостен влез.

2 13

Помал, трапезоиден волумен обложен со дрво обоено во кафена боја се протега под горниот волумен, обезбедувајќи тераса за горниот кат.

Конструкцијата на House Dokka е направена претежно од вкрстено ламинирано дрво (CLT) од локално потекло и дрво ламинирано со лепак (glulam).

15

Ова е дел од пошироката амбиција на Snøhetta да обезбеди ниска емисија на јаглерод на површина од 190 квадратни метри, со други стратегии, вклучувајќи употреба на фотоволтаични панели за енергија.

12

„Аголот и насоката на кровот внимателно се бирани за да се оптимизира собирањето на сончевата енергија“, изјави за Dezeen главниот архитект на проектот Anne Cecilie Haug.

„За дом, максималниот пик на користење енергијата е наутро и околу вечерата, така што овде, фотоволтаичните панели се ориентирани од исток кон запад за да овозможат директно користење на енергијата без да се складира “, објаснува Haug.

17 13

Според неа, пресметките покажуваат дека вишокот на енергија генериран од фотоволтаичните панелите во текот на годината ќе ја надмине количината потребна за напојување на куќата. Како резултат на тоа, се очекува панелите да генерираат доволно енергија во следните 10 години за да ја надоместат отелотворената енергија поврзана со материјалите што се користат за изградба на куќата.

14

9

Внатре, конструкцијата од масивно дрво на House Dokka е оставена видлива, во комбинација со изобилство на растенија и пространи отвори кои привлекуваат дневна светлина.

4

Црните прозорски рамки, мебелот и светлосните тела заедно со ѕидовите во зелени тонови се во контраст со дрвените завршни обработки.

5

Распространет на две нивоа, горниот волумен се состои кујна, трпезарија и дневен боравок, како и бања и главна спална соба. Канцеларија, втора бања и уште три спални соби сместени се во долниот волумен.

Дрвените скали во влезниот ходник водат до поткровје од 12 метри квадратни со поглед на околните шуми.

3 18 19 16 7 8

Испрати коментар

Scroll To Top